Збирен контејнерски транспорт за вашите пратки

04. 07. 2020

Заради се поголемата потреба од поефтин транспорт Кина – Скопје, формиравме линија преку нашата канцеларија во Белград односно реализираме збирни контејнерски пратки на линија Кина – Копер – Белград – Скопје.

Преку нашата широка мрежа на агенти организираме транспорт на збирни пратки со транзит време исто како и целите контејнери. Пратките се преземаат од пристаниште или може да организираме преземање од адреса на испраќачот спрема Ваш налог. Нудиме неделни испловувања од пристаништата во Кина, а времето на пловидба до пристаништето во Копер е 35-40 дена, од каде робата потоа се товара во збирен камион преку Белград до царински склад во Скопје.

Со ваквиот вид на сервис нема потреба да нарачувавте цел контејнер од Кина за да ги намалите трошоците и да Ви се исплати увозот. Цените се формираат по метар кубен односно вкупната сума на еден контејнер се дели на сите пратки внатре во контејнерот. Токму од овие причини нема потреба да вложувате големи финансиски средства за набавка на цел контејнер одеднаш туку можете да нарачувате на месечно ниво спрема барањата на пазарот.

За сите Ваши идни барања за транспорт Ве молиме контактирајте не за да Ви ја доставиме нашата најдобра понуда,

Никола Манов

оддел за продажба

Е-маил: [email protected]
Тел: +389 (0) 2 323 3348
Mоб: +389 (0) 70 324 799

 

This site uses cookies to provide you with a more responsive and personalised service. By using this site you agree to our use of cookies as set out in our Privacy & Cookie notice.

Confirm