Xpediator Plc Group станува член на Transaid Corporate

03. 26. 2019

Delamode Macedonia, дел од Xpediator Plc, со задоволство објавува дека Групацијата се обврза да ги поддржува Transaid во наредните 3 години, откако стана најновата компанија која се пријавила како корпоративен партнер за меѓународно признати добротворни цели.

Со ова, Xpediator се придружи на растечката листа од 34 компании од индустријата за транспорт и логистика, кои аплицирале за членство. Во последните години, вкупниот износ на донации изнесуваше £3,400 на годишниот божиќен апел на Transaid.

Stephen Blyth, Главен Извршен Директор на Xpediator, вели: „Горди сме што сме поврзани со интернационална организација за развој која е толку пасионирана за својата работа. Тимот на Transaid е посветен на трансформирање на животи преку безбеден, достапен и одржлив транспорт – и тоа е нешто што ни е задоволство да го поддржиме.“

Коментирајќи како двата тима ќе работат заедно, додава: „Преку нашите 900 вработени се здобивме со огромно искуство во логистичката индустрија и сме возбудени да споделиме што повеќе знаење со Transaid. Ќе истражуваме можности за поддршка на нивните цели, не само финаниска, туку и преку нашите интерни вештини.

Caroline Barber, Извршен Директор во Transaid, вели: „Членовите на нашата корпорација играат главна улога во поддржувањето на успехот на нашите проекти и среќни сме за дополнителната експертиза што Xpediator ќе ја донесе. Неверојатно деградирачки е кога ќе го погледнете нивото на поддршка што го уживаме од индустријата; секој корпоративен член го прави Transaid посилен и ни овозможува да го прошириме нашиот опсег во повеќе заедници во Супсахарска Африка.

This site uses cookies to provide you with a more responsive and personalised service. By using this site you agree to our use of cookies as set out in our Privacy & Cookie notice.

Confirm