Деламоде Македонија зема учество на традиционалниот собир на Маккам транс и членките пред распределбата на Цемт дозволите | Delamode Macedonia
Дома » Новости » Деламоде Македонија зема учество на традиционалниот собир на Маккам транс и членките пред распределбата на Цемт дозволите

Деламоде Македонија зема учество на традиционалниот собир на Маккам транс и членките пред распределбата на Цемт дозволите

На 26.09.2015 во 11:00 часот во Велес,Македонија, Деламоде Македонија зема учество на традиционалниот собир на Маккам транс и членките пред распределбата на Цемт дозволите.

Асоцијацијата на здруженија на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија “МАКАМ–ТРАНС“ претставува најголемо здружување на работодавачи на превозни трговски друштва во Р. Македонија. Основна активност на Асоцијацијата е унапредување и развој на меѓународниот превоз на стока како и внатрешниот превоз во рамките на територија на Р. Македонија, со активно влијание за измена, допрецизирање и воведување на голем број законски одредби кои дирекно влијаеа и влијаат за подобрување на економската и социјалната положба на членството.

Деламоде Македонија партиципира како ВИП членка заедно со најголемите македонски компании како форвардери, транспортери, банки итн. Тоа ни овозможува да заземеме активна улога во промоцијата на нашиот бизнис.

 

На овој настан зазамавме активно учество со презентација на промотивни матерјали до сите учесници, имавме 5 минутна презентација како и огромен број на директни средби со нашите клиенти и партнери.

Вратете се горе