Деламоде е добитник на наградата BIFA 2017, за ''Европска Логистика'' | Delamode Macedonia
Дома » Новости » Деламоде е добитник на наградата BIFA 2017, за ''Европска Логистика''

Деламоде е добитник на наградата BIFA 2017, за ''Европска Логистика''

Деламоде со задоволсто објавува дека е добитник на наградата ('BIFA') 2017 која ја доделува Британската Интернационална Асоцијација на Траспортери. Во своето 28 годишно постоење, оваа награда е широко препознаена денес како водечка во областа на Транспорт и Логистика. BIFA ги прославува и наградува номинираните компании и добитниците на награди за постигнување на исклучително високи стандарди во нивните области.

Деламоде беше избран за добитник на наградата за Европска Логистика 2017 по создавањето и воведувањето и на својата (EshopWedrop), услуга која на клиентите од Источна Европа им обезбедува да купат добра по електронски пат од добавувачи лоцирани во Западна Европа и истите да бидат доставени до врата или до збирен центар. Историски гледано, високите трошоци за доставување преставуваа пречка за клиентите во Источна Европа да набавуваат од електронските добавувачи.

EshopWedrop е релативно нов сервис кој беше воведен во 2015та година, и кој ја опфаќа веќе постоечката мрежа на Б2Б збирни рути со Б2К улсуга на доставување, што им овозможува на клиентите да направат набавка по електронски пат во Велика Британија, Полска, Италија и Германија и нивните добра да бидат доставени брзо, ефикасно и по низок трошок.

Мислењето на ''судиите'' по успехот на Деламоде:

Судиите се согласни дека Деламоде прикажа успешност во имплементацијата на иновативно решение притоа нудејки експресивна достава до Романските и Балтичките пазари. Ова решение обезбеди услови за заштеда на трошоците и оттаму бенефит за бизнис заедницата, кој потоа се одрази и на клиентите нудејки им поефикасна достава. 

BIFA, е трговска асоцијација во која членуваат повеќе од 1500 компании од секторот за Транспорт и Логистика кои се регистрирани во Велика Британија. Овие компании се инволвирани во интернационални испораки на товар при сите видови на транспорт.

Stephen Blyth, претседавач со Деламоде Груп изјави:

Ние сме навистина презадоволни од воведувањето и успехот на EshopWedrop услугата, успех препознаен и сега од страна на BIFA преку доделената награда за нас. Од исклучително значење за нас е добивањето на оваа награда по трети пат, и имајќи го во предвид напредокот кој го постигнавме, ние понатаму воведуваме најразлични иновативни ИТ решенија и искрено се надеваме дека повторно ќе бидеме успешни и наградени.  

Вратете се горе