Delamode се приклучува на Обединетата мрежа на испораки (United Shipping Network).

01. 15. 2019

Ние, Delamode, како дел од групацијата Xpediator Plc, со големо задоволство сакаме да соопштиме дека се приклучуваме кон глобалната асоцијација United Shipping Network. Првично, приклучувањето кон United Shipping Network ќе биде преку канцелариите на Delamode во Македонија, Бугарија, Летонија, Црна Гора, Молдавија и Србија.

United Shipping Network, е светска мрежа на независни транспортни оператори, шпедитери и царински агенти кои управуваат на локално ниво. Застапена во 85 земји, со 430 канцеларии ширум светот, мрежата оперира со најсовремени технолошки решенија, со главна цел, на клиентите да им обезбеди глобален пристап, заедно со детална експертиза на локалните, независни брокери.

Shaun Godfrey, COO – Freight Forwarding, за Xpediator Plc, коментираше: “Запознавањето и можноста да се приклучиме на United Shipping Network дојде преку Anglia Forwarding Ltd, долгогодишен член на United Shipping Network, кои од неодамна се приклучија на групацијата Xpediator Plc. Oчекуваме дека Нашите колеги од Delamode ќе можат да ја поддржат United Shipping Network со слични услуги во рамките на Источноевропските земји, како значаен регион кој дава можност за раст и презентирање на многу комерцијални придобивки за членовите на United Shipping Network. Горди сме што овие канцеларии на Delamode ќе се приклучат на таква воспоставена и глобално распространета мрежа и ќе имаат корист од предностите да станат дел од мултинационално логистичко семејство”.

This site uses cookies to provide you with a more responsive and personalised service. By using this site you agree to our use of cookies as set out in our Privacy & Cookie notice. Read more

Confirm