Повеќе за Xpediator Plc

Xpediator Plc е матична компанија од групата компании Xpediator, која управува со  неколку брендови. Оригиналниот бизнис, кој почнува  како “Delamode”, е основан во 1988 година од страна на Стивен Блит (главен извршен директор на групата) обезбедувајќи услуги за транспорт во Велика Британија. Денес, интернационалната мрежа на канцеларии на Групацијата постојано расте и обезбедува услуги за патни, поморски и авионски услуги, заедно со логистика и складирање во Велика Британија и Романија.

Xpediator има значајно присуство во Централна и Источна Европа (ЦИЕ) и во балтичките држави. Групата во моментов има над 600 вработени, со оперативен штаб во Бреинтри, Есекс и канцеларии во Бугарија, Литванија, Латвија, Естонија, Македонија, Црна Гора, Молдавија, Романија и Србија, кои работат на вкупно 31 локација.

Групата има три главни бизнис единици  кои се управуваат автономно на дневна основа , но на централно ниво се насочени кон вкрстено и взаемно продавање на услуги на клиентската база на Групацијата:

  • Транспорт: која тргува под брендовите Delamode, Benfleet, Regional Express и EshopWedrop и традиционалните рути од Велика Британија до земјите на ЦЕЕ.
  • Логистика и складирање: која опфаќа дистрибутивни и логистички центри во Велика Британија, Бугарија и Романија и работи под брендовите Деламоде, ЕМТ и Pall EX.
  • Услуги кон Превозниците: вклучувајќи ги картичките за горива и за патарина, претежно во Романија, но и во Србија, Македонија и Црна Гора, тргувајќи под брендот Affinity Transport Solutions.

2017 беше година на трансформација на Групацијата, во која успешно се котираше на AIM, и беше акумулиран вкупен износ од 7,8 милиони фунти за нови инвестициски вложувања (пред трошоците) и го завршија купувањето и присоединувањето со три комплементарни и профитабилни активни бизниси – ЕМТ Logistics, Benfleet Forwarding и Regional Express.

Xpediator е во насока да продолжи со силен раст во текот на 2018 година, поттикнато од изложеноста на побрз раст на БДП во Централна и Источна Европа и во Балтичките држави; растот на релативно нови оперативни области, како што се EshopWedrop и Pall-Ex; отворање на нови канцеларии, магацини и услуги; и, секако , дополнителни аквизиции и припојување кои ќе го надополнат досегашниот сет на услуги.

Xpediator Plc

This site uses cookies to provide you with a more responsive and personalised service. By using this site you agree to our use of cookies as set out in our Privacy & Cookie notice. Read more

Confirm