За нас | Delamode Macedonia
Дома » About delamode group » За нас

За нас

Деламод Македонија  е напреден провајдер на  меѓународни транспортни услуги. Нашата канцеларија во Скопје ни овозможува идеална локација за да понудиме економични решенија за сите видови на транспорт помеѓу Македонија и Европа.

Работејќи како дел од големата мрежа на канцеларии на Деламод и партнерите, ние можеме да Ви понудиме редовни неделни линии, брзо транзитно време и економични решенија за транспортот на Вашата пратка на меѓународниот пазар. 

  • Редовни неделни линии за збирен транспорт
  • Увозни и извозни FTL и LTL услуги
  • Домашна дистрибуција
  • Поморски сообраќај
  • Решенија за складирање и дистрибуција
  • Логистика за мода и животен стил
  • Дистрибуција на висечки и картонски текстилни производи
  • Велика Британија, Ирска и Европа 

Деламод Груп

Компанијата Деламод Груп со пионерско присуство во Европа од над 25 години , нуди единствена експертиза за логистика и движење на товарот насекаде во светот. Деламод Груп моментално има над 250 вработени и располага со свои канцеларии во Велика Британија, Литванија, Латвија, Естонија, Бугарија, Молдавија, Србија, Цна Гора и Македонија. 

 

Вратете се горе